Ковид-19 последните 24 часа причина за смртта на 1.212 лица во Бразил, 764 во Индија и 688 во Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна бројка од 92.475

БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА
Од последици предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19), последните 24 часа во Бразил животот го загубија 1.212 лица, 764 во Индија и 688 во Мексико, јавува Агенција Анадолија (АА).
Последните 24 часа починаа 1.212 лица како последица на заразеност со коронавирусот.
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна бројка од 92.475.
Последните 24 часа регистрирани се 52.383 новозаразени со вирусот, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 2.662.485.
Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 542.304 заразени со коронавирусот и 22.997 смртни случаи.
Досега во земјата оздравеа 1.884.051 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
- Во Индија бројката на починати се зголеми на 36.511
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие 764 лица починале како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 36.511.
Последните 24 часа детектирани се 62.437 лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 1.701.307.
Во Индија оздравеа 1.094.374 лица кои биле заразени со Ковид-19.
- Ковид-19 во Мексико досега причина за смртта на 46.688 лица
Според податоците на мексиканското Министерство за здравство, последните 24 часа во земјата од последици на заразеност со коронавирус починале 688 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 46.688.
Во истиот период детектирани се 8.458 лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 424.687.
Во Мескико оздравеа 278.618 лица кај кои претходно бил откриен коронавирусот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.