Во судир на патнички автобус и камион загинаа 9 лица во Индија
- Камион ја преминал средната линија и се судрил со патнички автобус што доаѓал од спротивната насока. По сообраќајната несреќа автобусот се запалил.
АНКАРА (АА) - Девет лица загинаа, а 21 се повредени во судир на камион и патнички автобус во индиската држава Карнатака, известува Анадолу.
Весникот „Хиндустан тајмс“ ги објави полициските информации во врска со сообраќајната несреќа во Карнатака.
Во веста се наведува дека камион ја преминал средната линија и се судрил со патнички автобус што доаѓал од спротивната насока. По сообраќајната несреќа автобусот се запалил.
Во сообраќајната несреќа животот го загубиле возачот на камионот и 8 патници во автобусот кои биле заробени од пожарот, а 21 повредено лице сè уште се на лекување во болница.
Индискиот премиер Нарендра Моди, во објава на својот профил на социјалната мрежа на американската компанија X, изрази длабоко жалење за загубата на животи во овој несреќен инцидент и им посака брзо закрепнување на повредените.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
