Zehra Ulucak
15 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа во Индија од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 325 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што јави телевизијата НДТВ (NDTV), Министерството за здравство на Индија соопштило дека во последните 24 часа во земјата биле регистрирани 11.502 нови случаи со Ковид-19.
Министерството истакнува и дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 311 лица.
Според Министерството, вкупниот број на случаи со коронавирус во земјата достигнал 322.424, а бројот на починати 9.520.
Во земјата вирусот го победија вкупно 169.798 лица.
Според „Worldometer“, Индија во моментов е четврта земја во светот според бројот на заразени со коронавирусот Ковид-19.