свет

Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во Менло Парк во Калифорнија

- Интензивниот дожд предизвика задржување на вода на коловозите, при што една улица во областа беше целосно под вода, што значително го отежна сообраќајот.

Aida Cako  | 25.12.2025 - Обновена : 26.12.2025
Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во Менло Парк во Калифорнија

МЕНЛО ПАРК (АА) – Обилните врнежи од дожд го нарушија секојдневниот живот во градот Менло Парк, во американската сојузна држава Калифорнија вчера, при што беа поплавени улици во близина на кампусот на компанијата „Мета“, јавува Анадолу.

Интензивниот дожд предизвика задржување на вода на коловозите, при што една улица во областа беше целосно под вода, што значително го отежна сообраќајот. Снимките направени со дрон покажаа поплавени улици, влез на бензинска пумпа под вода, како и возила кои се движат претпазливо низ насобраната вода.

Локалните власти ги предупредија возачите да бидат внимателни по врнежите, апелирајќи на зголемена претпазливост поради можни опасности предизвикани од поплавите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.