Ekipa
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија во последните 24 часа регистрирани се 57.381 случај на коронавирусот, надминувајќи го бројот од 2,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на индиското Министерство за здравство и семејство, билансот на досега заразени изнесува 2.526.192.
Со речиси 1.000 нови смртни случаи, бројот на починати се искачи на 49.036. Индија и натаму останува трета земја во светот најтешко погодена од вирусот во однос на бројот на случаи, по САД и Бразил.
Индија во текот на вчерашниот ден спровела 868.679 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на пандемијата реализирани се над 2,8 милиони тестирања, покажуваат податоците на Индискиот совет за медицински истражувања.
Западната индиска држава Махарштра е најпогодена со над 500.000 случаи, по која следат државите Тамил Наду и Андра Прадеш.
Бројот на заразени рапидно се зголемува и во другите индиски држави.