свет, Коронавирус

ЕУ подготвува финансиска помош за Северна Македонија поради пандемијата на Ковид-19

Во согласност со таа одлука, Северна Македонија би требало да добие 160 милиони евра, Албанија 180 милиони евра, Косово 100 милиони евра, Црна Гора 60 милиони евра, а Босна и Херцеговина би требало да добие 250 милиони евра

Ata Ufuk Şeker  | 22.04.2020 - Обновена : 23.04.2020
ЕУ подготвува финансиска помош за Северна Македонија поради пандемијата на Ковид-19

БРИСЕЛ

Европската Унија (ЕУ) се подготвува поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) да обезбеди макрофинансиска помош за десет земји, вкучувајќи ја и Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Европската комисија соопшти дека е прифатен предлогот за финансиска помош за десет земји за да се ограничи влијанието на Ковид-19 на нивната економија.

Во согласност со таа одлука, Северна Македонија би требало да добие 160 милиони евра, Албанија 180 милиони евра, Косово 100 милиони евра, Црна Гора 60 милиони евра, а Босна и Херцеговина би требало да добие 250 милиони евра. Други земји кои би требло да добијат помош од ЕУ се: Грузија, која треба да добие 150 милиони евра, Јордан 200 милиони, Молдавија 100 милиони, а Тунис 600 милиони евра.

Најголемата помош ќе ѝ биде упатена на Украина, а ќе изнесува 1,2 милијарди евра.

Се очекува одобрување на поддршката од страна на Европскиот парламент и Советот на Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.