свет, Коронавирус

Германија: Во изминатите 24 часа регистрирани 25.831 нов случај на коронавирусот

Вкупниот број на починати достигна 79.628, додека на одделите за интензивна нега се наоѓаат 4.679 пациенти кај кои е дијагностициран Ковид-19

Cüneyt Karadağ   | 16.04.2021
Германија: Во изминатите 24 часа регистрирани 25.831 нов случај на коронавирусот

БЕРЛИН (АА) - Во Германија во изминатите 24 часа е забележан 25.831 нов случај на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 3.099.273, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Инстиутот „Роберт Кох“ соопшти дека во истиот период се пријавени 247 смртни случаи предизвикани од коронавирусот.

Вкупниот број на починати достигна 79.628, додека на одделите за интензивна нега се наоѓаат 4.679 пациенти кај кои е дијагностициран Ковид-19.

Во Германија во рамките на имунизацијата, првата доза на вакцина против коронавирусот ја примија 15.400.000 лица, додека 5.400.000 се ревакцинирани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın