свет, Коронавирус

Германија: Бројот на новозаразени со Ковид-19 се стабилизира, но е на високо ниво

„Бројките и понатаму се многу високи. Тие достигнаа порамнување, но нема забележлив пад“, изјави Лотар Вилер на прес-конференцијата во Берлин

Ayhan Şimşek   | 03.12.2020
Германија: Бројот на новозаразени со Ковид-19 се стабилизира, но е на високо ниво

БЕРЛИН (АА) - Во Германија бројот на новозаразени со Ковид-19 се стабилизира, но и понатаму останува на високо ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).

Институтот „Роберт Кох“ регистрира 22.046 нови случаи и 479 починати во последните 24 часа, што претставува бројка над просекот на случаи и смртни случаи во изминатите седум дена.

Директорот на Институтот, професорот Лотар Вилер, наведе дека мерките на карантин придонеле да се избегне експоненцијалниот раст на случаи на Ковид-19, но предупреди дека ситуацијата и понатаму е многу сериозна.

„Бројките и понатаму се многу високи. Тие достигнаа порамнување, но нема забележлив пад“, изјави на прес-конференцијата во Берлин.

Вилер изјави дека порастот на бројот на заразени меѓу постарите и поранливи групи е причина за голема грижа.

Тој предупреди дека хоспитализацијата и смртните исходи би можеле да растат доколку ваквиот тренд продолжи во наредните недели.

Владата вчера одлучи да ги продолжи делумните мерки на карантин најрано до 10 јануари, за да се спречи понатамошното ширење на Ковид-19.

Баровите, рестораните, хотелите, културните и установите за забава остануваат затворени.

Во Германија досега се регистрирани повеќе од 1,11 милиони случаи, што ја стави таа земја на петто место во Европа, по бројот на заразени, по Франција, Шпанија, Обединетото Кралство и Италија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın