свет, Коронавирус

Во светот досега употребени над 904 милиони дози од вакцините против Ковид-19

Турција со 20.284.000 дози е седма во светот според бројот на употребени вакцини, додека во земјата се администрирани 23,68 дози на секои 100 луѓе

Emre Aytekin  | 20.04.2021 - Обновена : 21.04.2021
Во светот досега употребени над 904 милиони дози од вакцините против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Досега во светот се дадени повеќе од 904 милиони дози вакцини за да се обезбеди имунитет против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците објавени на страницата „ourworldindata.org“, најмногу дози се употребени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што се администрирани над 209.410.000 дози вакцини.

Следуваат Кина со 193.130.000 дози, Индија со 123.850.000 дози, Велика Британија со 42.780.000, Бразил со 32.950.000, Германија со 21.950.000 дози и Турција со 20.284.000 администрирани дози.

Меѓу водечките земји по бројот на дадени вакцини против Ковид-19 се наоѓаат и Франција со 17.010.000 дози, Индонезија со 16.690.000, Русија со 16.170.000 дози, Италија со 15.240.000, Мексико со 14.240.000 дози, Чиле 13.160.000, Шпанија 12.330.000 и Израел со 10.330.000 дадени дози.

- Најмногу дози на 100 жители администрирани во Израел -

Во Израел се дадени најголем број дози од вакцините на 100 лица во однос на вкупната популација. Во таа земја, каде што бројот на употребени дози вакцини го надмина бројот на населението, бројот на дози на секои 100 лица изнесува 119,32.

По Израел следуваат Сејшелите со 114,09 дози, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со 97,37, Чиле со 68,84 дози, Бахреин со 63,32 дози, Сан Марино 63,03, Велика Британија со 63,02, САД со 62,61, Малта 62,20, Бутан 62,02, Монако 58,49 и Малдиви со 57,97 дози на секои 100 лица.

Турција со 20.284.000 дози е седма во светот според бројот на употребени вакцини, додека во земјата се администрирани 23,68 дози на секои 100 луѓе.

Првата доза на вакцината ја имаат примено 12.427.659 лица, додека 7.856.841 лице се ревакцинирани.

- Јаз помеѓу северот и југот -

Според дистрибуцијата на вакцини по континенти, Азија го зазема првото место со 411.390.000 вакцини, потоа следуваат Северна Америка со 237.350.000 и Европа со 178.970.000 вакцини.

Континентите и регионите на јужната хемисфера значително заостануваат зад регионите на северната хемисфера. Во Јужна Америка досега се дадени 60.230.000 дози вакцини, во Африка 15.280.000, а во Океанија 1.690.000 дози.

Сите вакцини против Ковид-19, освен една, што добија дозвола за употреба, се даваат во две дози. Според тоа, бројот на употребени дози од вакцините не значи дека ист број луѓе се и вакцинирани.

Пандемијата на Ковид-19 се прошири во над 200 земји и региони и се претвори во глобална пандемија.

Бројот на досега заразените во светот надмина 142.752.000, а над 3.044.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın