свет, Коронавирус

Во Кина е зголемена локалната трансмисија на коронавирусот

Во соопштението на Националната комисија за здравје објавено денес, се наведува дека 106 од 118 нови случаи на заразување се предизвикани со локална трансмисија, додека еден ден претходно оваа бројка беше 109.

Riyaz Ul Khaliq   | 19.01.2021
Во Кина е зголемена локалната трансмисија на коронавирусот

ПЕКИНГ

Во Кина дојде до пораст на бројот на случаи со Ковид-19 поради локална трансмисија, што ги охрабрува властите на построги мерки во пресрет на лунарната Нова година следниот месец, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Националната комисија за здравје објавено денес, се наведува дека 106 од 118 нови случаи на заразување се предизвикани со локална трансмисија, додека еден ден претходно оваа бројка беше 109.

Од вкупниот број, 43 се потврдени во покраината Џилин, во североисточниот дел на земјата, 35 се во покраината Хебеи, 27 се во Хеилонгџјианг. Во Пекинг е потврден еден случај.

Локалните власти претходно воведоа ограничувања на движењето во многу градови и ги повикаа граѓаните да не патуваат.

Првиот случај на заразување е потврден во декември 2019 година, а досега заразата е потврдена кај 88.454 лица. Од последиците на заразувањето починаа 4.635 лица.

Од друга страна, Министерството за јавна безбедност соопшти дека битката против Ковид-19 во 2020 година ја изгубија речиси 500 полицајци.

Со новиот тип коронавирус во светот се заразени повеќе од 95,05 милиони луѓе, а од последиците на вирусот починаа 2,03 милиони, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın