Со велосипеди од Рим до Пекинг за да укажат на животот на лицата со попреченост
„Целта ни е да дојдеме до Пекинг. Сакаме на луѓето во различни земји да им ја пренесеме пораката на заедништво. Исто така, сакаме да го подобриме квалитетот на животот на лицата со оштетен вид“

ДУЗЏЕ (AA) - ОМЕР УРЕР - Двајца Италијанци пред два месеца тргнаа заедно со велосипед од Рим во Пекинг, а со цел подигнување на свеста за животот на лицата со попреченост, пишува Anadolu Agency (AA).
Микеле Џулијано (37) е готвач, а на овој проект се одлучил за да ја подигне свеста кај луѓето кога станува збор за животот на лицата со инвалидитет.
Тој го убедил својот пријател Давиде Валачи, кој има оштетување на видот, да тргнат заедно на долго патување. До денес поминале 3.000 километри и пристигнаа во Дузџе, Турција.
Двајцата пријатели, за време на патувањето во средините кои ги посетуваат, зборуваат за животот на лицата со инвалидитет.
Давиде Валачи за АА изјави дека нивниот пат започнал во Рим пред два месеца и дека, и покрај тоа што патувањето било долго и заморно, поминувало многу подобро отколку што очекувале.
„Целта ни е да дојдеме до Пекинг. Сакаме на луѓето во различни земји да им ја пренесеме пораката на заедништво. Исто така, сакаме да го подобриме квалитетот на животот на лицата со оштетен вид“, изјави Валачи.
Тој додаде дека животот му се сменил откако започнал да вози велосипед.
„Сакам да помогнам овој начин на превоз за лицата со оштетување на видот да биде повеќе распространет во сите земји. Патот е долг, но ќе успееме“, порача Валачи.
Микеле Џулијано изјави дека пријателот тешко го уверил да тргнат заедно на пат.
„Беше потребно време да го убедам Давиде, но бев одлучен да тргнам на овој пат на кој било начин. Не сме професионални велосипедисти, но секој ден возиме колку што можеме“, додава тој.
Истакнува дека сака да укаже на животот на лицата со инвалидитет.
„Мојот пријател има порака и јас му помагам да ја пренесе таа порака. Со помагањето овозможувам и да ги надмине препреките. Веќе една недела сме во Турција. Изморени сме. Многу е тешко, преминуваме преку планината Болу, но за среќа времето е сончево“, изјави Џулијано.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.