живот

Морска желка помина пат од 12.000 километри во морето за две години

Туба беше пуштена од плажата Изтузу во своето природно живеалиште на 28 август 2019 година

Yasemin Kalyoncuoğlu  | 01.10.2021 - Обновена : 03.10.2021
Морска желка помина пат од 12.000 километри во морето за две години

АНКАРА (АА) - Морска желка, пуштена во морето пред две години од брегот на турската област Мугла и следена со сателит, помина пат долг 12.000 километри (7.456 милји).

Желката, наречена Туба од нејзините трагачи, беше под заштита на Центарот за истражување, спасување и рехабилитација на морски желки (DEKAMER) во Мугла. Морските желки се вид познат и како „Карета карета“.

Доган Созбилен, научен координатор на ДЕКАМЕР, рече дека морето е дом, но и најголема закана за морските желки, кои се загрозен вид.

Созбилен рече дека три морски желки лекувани преку заеднички напори на ДЕКАМЕР и Министерството за животна средина и урбанизација, како и зелената морска желка, во вторникот се пуштени во морето крај брегот на Мугла.

Организацијата, со поддршка на Министерството, во изминатите две години следеше 18 желки, а 63 морски желки од видот „Карета карета“, вклучувајќи ги и оние што ќе бидат пуштени оваа година, ќе се следат преку сателит со чип.

Според Созбилен, научната заедница се надева дека следењето ќе им помогне да ги откријат местата за хранење на желките, миграциониот пат и моделите на однесување.

Туба беше пуштена од плажата Изтузу во своето природно живеалиште на 28 август 2019 година.

„Мапирањето во живо на патувањето на Туба доби повеќе од 5 милиони прегледи“, рече тој, додавајќи дека ова е добро, во смисла дека интересот на луѓето за желки е зголемен.

Меѓу локациите на кои била желката се Јадранското Море, Грција, Италија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Малта и брегот на Хрватска.

„Туба ни даде добри податоци. Наша цел е да ги следиме желките околу една година... Добиваме податоци 25 месеци и сѐ уште испраќаат сигнали“, рече Созбилен, додавајќи дека Туба се издвојувала од другите желки бидејќи претпочитала отворени води отколку пливање во близина на брегот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.