Турција и Сирија потпишаа договор за формирање Бизнис-совет
Разгледани се можностите за соработка што може да се развијат меѓу двете земји во процесот на обнова на Сирија, особено моделите „Изградба-Управување-Трансфер“ (BOT) и јавно-приватно партнерство

Istanbul
Турција и Сирија денес потпишаа Меморандум за разбирање за формирање Бизнис- совет за повторно воспоставување институционална соработка меѓу двете земји, соопшти турското Министерство за трговија, јавува Анадолу.
Тркалезна маса се одржа под претседателство на сирискиот министер за економија и индустрија Нидал Ал-Шар, со сириската делегација и заменик-министерот за трговија на Турција, О. Волкан Агар, со учество на бизнисмени членови на Одборот за надворешни економски односи (DEIK), истакна Министерството.
За време на состанокот разгледани се можностите за соработка што може да се развијат меѓу двете земји во процесот на обнова на Сирија, особено моделите „Изградба-Управување-Трансфер“ (BOT) и јавно-приватно партнерство.
„За повторно воспоставување институционална соработка меѓу двете земји беше потпишан Меморандум за разбирање за формирање Бизнис-совет на Турција и Сирија, а со девет дополнителни меморандуми за разбирање потпишани меѓу организациите на граѓанското општество од Турција и Сирија создадена е силна и одржлива основа за соработка“, соопшти Министерството.
Се додава дека решително ќе се продолжи со напорите за зајакнување на директните комуникациски канали меѓу приватните сектори на двете земји, со цел продлабочување и институционализирање на економските и трговските односи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.