Турција, живот

Во турски Самсун јагне секојдневно го придружува својот сопственик на работа

„Воопшто не се одвојуваме. Дури и ноќе спиеме заедно. Кога ќе излезам од дома, куќата ечи од неговиот плач. Штом ќе се вратам, веднаш се смирува...“

Tuğçe Turgu  | 26.03.2026 - Обновена : 26.03.2026
Во турски Самсун јагне секојдневно го придружува својот сопственик на работа Фото: Tuğçe Turgu/AA

САМСУН (АА) – Илкај Исмаилоглу од турската област Самсун, кој вдоми јагне старо само 20 дена, чија мајка умрела, не се одвојува од своето милениче кому му го дал името „Кивирџик“ (Кадравко) и секојдневно го носи со себе на работното место, пишува Анадолу.

53-годишниот Исмаилоглу, кој се занимава со поправка на мобилни телефони, во работилницата на Плоштадот „Саатхане“, во Општината Илкадим, претходно четири месеци веќе чувал јагне на свој пријател кое подоцна бил принуден да го врати.

Желбата повторно да се грижи за животно му ја исполнил негов пријател, кој пред неколку дена му донел јагне старо околу 20 дена, кое останало без мајка.

Исмаоглу го нарекол јагнето Кивирџик и му ги отворил вратите од својот дом, но бидејќи живее сам, јагнето го носи со себе на работното место.

Низ улиците, јагнето постојано го следи во чекор, привлекувајќи го вниманието на минувачите.

- „Заедно спиеме дури и ноќе“ -

Илкај Исмаилоглу за новинарите изјави дека неговата љубов кон животните, која започнала со јагнето на неговиот пријател, со текот на времето прераснала во нераскинлива врска.

Тој раскажа дека четири месеци се грижел за јагнето на својот пријател. „Подоцна пријателот си го зеде тоа јагне, плачев бидејќи многу се поврзав за него. Потоа замолив неколку овчари да ми донесат јагне штом ќе имаат некое мало“.

Исмаилоглу раскажа дека еден овчар му донел јагне чија мајка умрела:

„Воопшто не се одвојуваме. Дури и ноќе спиеме заедно. Кога ќе излезам од дома, куќата ечи од неговиот плач. Штом ќе се вратам, веднаш се смирува. Навикнато е на мојот мирис и постојано е до мене“, раскажува тој.
Исмаилоглу додаде дека посветува големо внимание на грижата за јагнето.

„Пие по четири шишиња млеко дневно. На троседот постилам најлон, па одозгора ќебе и така спие. Наутро го чистам и го перам најлонот. Прекрасно се разбираме, многу е мило и среќни сме што се најдовме еден со друг. Се надевам дека никогаш нема да се разделиме“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın