живот

Во Кина 130 панголини починаа од недоволна нега

Панголините во кинеската медицина се користат како лек, ја стимулираат циркулацијата на крвта и се верува дека се корисни за мајчиното млеко

Fuat Kabakcı   | 19.02.2019
Во Кина 130 панголини починаа од недоволна нега

Peking

ПЕКИНГ (АА) – Во Кина починаа 130 панголини кои беа испратени за нега во две компании, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според весникот „Глобал тајмс“ („Global Times“), Одделот за шумарство на автономната покраина Гуанкши Џуанк, за време на 2015 - 2016 година, на базата за негување на панголини која припаѓа на компанијата „Гуанкхи Шенгаи Инвестмент“, ѝ испратила 66, додека во периодот 2014 - 2017 година, на компанијата за челик „Јуехуитенг“, која се наоѓа во градот Фошан, во провинцијата Гуангдонг, ѝ испратила 64 панголини.

Во веста, исто така е соопштено дека панголините кои се познати по тоа дека се „прекриени со лушпи и се хранат со мравки“ претходно биле преземени од рацете на шверцерите и испратени до компаниите, но тие не успеале да ги спасат. Во декември минатата година, за еден директор на компанијата „Јуехуитенг“ беше отворена истрага под обвинение дека незаконски продавал панголини.

Експертите во земјата испратија порака дека поради настаните, одговорност треба да се побара од Одделот за шумарство во Гуанкши.

Овие видови суштества, наречени Сунда, Малај или Јаван Панголини, се наоѓаат на листата животински видови кои се во „екстремна опасност“ од истребување.

Панголините во кинеската медицина се користат како лек, ја стимулираат циркулацијата на крвта и се верува дека се корисни за мајчиното млеко.

Панголините, живи, „на црно“ се продаваат за 20 илјади јуани (околу 2.600 евра).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın