живот

Британска хуманитарна активистка: „Се заљубив во Турција, имам доверба во турскиот народ"

Роси Свол Поуп (73) започнала да трча сама во јули 2018 година и на ден истрчува 20 километри, со цел да поддржи хуманитарна организација во Велика Британија, која им помага на изолираните заедници во јужноазиската земја Непал

Jeyhun Aliyev  | 14.01.2020 - Обновена : 15.01.2020
Британска хуманитарна активистка: „Се заљубив во Турција, имам доверба во турскиот народ"

БУРСА (АА) - Седумдесетгодишна Британка, која започна да трча пред неколку месеци од Велика Британија со цел да помогне на британската хуманитарна организација која собира пари за луѓето од Непал, низ своето патување помина низ Турција, за која вели дека ѝ оставила многу убав впечаток, јавува Агенција Анадолија (АА).

Роси Свол Поуп (73) започнала да трча сама во јули 2018 година и на ден истрчува 20 километри, со цел да ја поддржи хуманитарната организација „PHASE Worldwide“ во Велика Британија, која им помага на изолираните заедници и луѓе на кои им е потребна помош во јужноазиската земја Непал.

„Имам голема цел. Трчам од Бригтон до Катманду за да им помогнам на децата и другите луѓе во напуштените области во Непал“, изјави Поуп.

Зборувајќи за новинарите во Гемлик, Бурса, светската авантуристка рече дека за време на нејзиното патување низ Турција луѓето покажале голем интерес кон она што го прави.

„Се заљубив во Турција. Имам верба и доверба во турскиот народ“, рече таа, додавајќи дека се чувствува многу горда што се наоѓа во земјата.

Поуп рече дека трча до Непал за да ги поддржи луѓето кои претрпеле штета од силниот земјотрес.

„Целта е да се помогне на талентираните луѓе да започнат повторно со вистински средства и помош“, додаде таа.

Потврдувајќи ја својата љубов кон локалното население, патничката рече дека им е благодарна на турските власти за магијата која ѝ ја овозможиле да трча низ прекрасниот мост на Босфор во метрополата Истанбул, кој таа го помина во декември минатата година.

Нарекувајќи се себеси „обична старица“, Поуп рече дека иако животот не е лесен во многу делови на светот, љубовта е најсилното нешто.

Таа рече дека ќе направи сѐ во животот за да им помогне на луѓето и да бидат благословени нејзиниот син, ќерка и внуци.

Иако патувала во многу земји, се чувствува безбедно во Турција.

„Луѓето се многу добри, многу сум горда на нив“, рече Поуп.

Во текот на својот живот Поуп „се вклучила во бројни маратони во некои од најпредизвикувачките терени на светот и започнала со многу авантури, вклучувајќи ја патеката низ Чиле со коњи и пловејќи низ целиот свет со мал брод“, пишува на официјалната веб-страница на „PHASE Worldwide“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.