свет, живот

Брисел: Премија од 900 евра за оние што ќе се откажат од своите автомобили

Регионот на белгискиот главен град Брисел подготви нова иницијатива за поддршка на одржливиот транспорт и подобрување на квалитетот на воздухот во градот

Ata Ufuk Şeker  | 10.12.2021 - Обновена : 15.12.2021
Брисел: Премија од 900 евра за оние што ќе се откажат од своите автомобили

БРИСЕЛ (АА) – Жителите на Брисел, главниот град на Белгија, ќе имаат можност да добијат премија до 900 евра доколку се откажат од своите приватни автомобили, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Регионот на главниот град Брисел подготви нова иницијатива за поддршка на одржливиот транспорт и подобрување на квалитетот на воздухот во градот.

Соодветно на тоа, оние кои живеат во Брисел и кои ќе се откажат од регистарските таблички на приватниот автомобил, ќе добијат финансиска поддршка.

Овие лица ќе добијат бонус од 500 до 900 евра, во зависност од нивниот годишен приход.

Премијата може да се користи за алтернативни опции за превоз како што се јавен превоз, билети за воз и за градското такси.

По своја желба, премијата ќе може да се користи и за изнајмување електрични скутери и купување велосипеди.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.