Турција, Балкан

Шефот на турската дипломатија се сретна со колегите од земјите на Балканот во Истанбул

Средбите се одржаа на маргините на Вториот состанок на Балканската платформа за мир

Merve Berker  | 23.01.2026 - Обновена : 23.01.2026
 Шефот на турската дипломатија се сретна со колегите од земјите на Балканот во Истанбул

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес во Истанбул одржа одделни средби со колегите од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

Средбите со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ, косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц, албанската министерка за надворешни работи Елиса Спиропали и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ, се одржаа на маргините на Вториот состанок на Балканската платформа за мир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.