
АНКАРА (АА) - Инфлацијата се очекува да остане висока во поголемиот дел од светот во текот на 2022 годинс, поради растот на цените на храната и нафтата и поради прекинот во синџирот на снабдување, соопшти светската рејтинг агенција „Мудис“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата во извештајот објави дека очекува умерена инфлација во втората половина на 2023 година.
„Предвидуваме дека инфлацијата ќе остане под стапките пред пандемијата во 2022 година, поттикната од факторите на побарувачката и понудата. Сепак, руско-украинскиот воен конфликт ги влоши притисоците од страна на понудата“, се наведува во извештајот.
Се додава дека под претпоставка дека глобалното економско влијание на конфликтот е ограничено, нормализирањето на активностите и синџирите на снабдување, и затегнувањето на монетарната политика што ќе ги ограничи притисоците од страна на побарувачката, ќе поттикнат постепено намалување на инфлацијата во втората половина на 2023 година кон стапките пред пандемијата.
„Мудис“ предупреди дека ако инфлацијата трае подолго, дополнително ќе ги зголеми социјалните и политичките ризици.
„Зголемувањето на цените на храната и енергенсите, кои се недискрециони трошоци и претставуваат поголем дел од потрошувачката на домаќинства со ниски приходи, придонесуваат за зголемување на социјалните тензии и можат да додадат притисок врз трошењето, во услови кога властите се обидуваат да го ублажат влијанието на високите цени врз јавноста“, се додава од рејтинг агенцијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.