МАТТО одржа состанок на тема „Промовирање на туризмот на Северна Македонија и на земјите од Балканот“
Се истакнува дека состанокот е организиран со цел промовирање на туристичките богатства на Северна Македонија и на земјите од Балканот и да се информираат граѓаните на Азербејџан за туризмот на овие простори.

СКОПЈЕ
Стопанската комора на Северна Македонија-Турција (МАТТО) организира онлајн состанок со претставниците на секторот за туризам на Азербејџан чија тема беше промовирањето на туризмот на Северна Македонија и на земјите од Балканот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на МАТТО, овој состанок бил одржан во рамки на развивање на соработката со третите земји.
На овој состанок учествуваа различни претставници на секторот за туризам на Азербејџан, како и членови на МАТТО.
Во соопштението се вели дека во 2020 година е забележан пад во туризмот поради пандемијата на Ковид-19, но дека во 2021 година се очекува да има движење во оваа насока.
Се истакнува дека состанокот е организиран со цел промовирање на туристичките богатства на Северна Македонија и на земјите од Балканот и да се информираат граѓаните на Азербејџан за туризмот на овие простори.
Според соопштеното, на состанокот е разговарано за развивање на соработката помеѓу двете земји, пред сѐ во областа на туризмот.
Во соопштението се наведува дека претставниците од секторот за туризам се осврнале и на постоечките можности, со цел граѓаните на двете земји да ги искористат туристичките богатства во Азербејџан и во земјите на Балканот, пред сѐ во Северна Македонија.
На состанокот се соопшти дека во најкраток можен рок ќе се одржи друг состанок на кој пред претставниците на туристичкиот сектор во Северна Македонија ќе бидат промовирани туристичките богатства на Азербејџан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.