Во Скопје се одржува семинар на тема "Водење бизнис со интегритет - етички менџмент"
Во Скопје се одржува семинар на тема "Водење бизнис со интегритет – етички менаџмент", во организација на Советот на странските инвеститори при Стопанската Комора на Македонија и Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО)

Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржува семинар на тема "Водење бизнис со интегритет – етички менаџмент", во организација на Советот на странските инвеститори при Стопанската Комора на Македонија и Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на МАТТО Туна Ејуп Кахвеџи во својата изјава за новинарите наведувајќи ги економски скандали во 2008 година на кои беше изложен светот, однесувањето на нечесен начин во светот на бизнисот влијаел врз општеството, семејствата и луѓето.
"Во овој случај превземајќи иницијатива денес ќе зборуваме за стандарди на етичка и морална работа во светот на бизнисот. Ние особено како Турски бизнисмени, изразувајќи ги учењата пренесени во Куранот, на системот “Lonca” (вид на синдикат на еснафи во Османскиот период) од нашата историја, ќе им ги пренесеме на бизнисмените од Македонија и странство ".
Тој истакна дека од една страна ќе ги споделат своите искуства со другите компании, како и други компании ќе ги споделат своите искуства со нив.
"Ние веруваме дека исто како и кога се купува производ има различни стандарди, треба да има стандарди за да се биде бизнисмен", додаде Кахвеџи.
Од друга страна, директорот на Советот на Странските Инвеститори Штефан Петер истакна дека за овој семинар постоел многу голем интерес.
"Верувам дека темата на семинарот е поважна од кога било досега. Не е важно само да се работи активно, за нас како членови на општеството, семинарот, на нас како граѓани кои ќе ни даде насоки од секојдневниот живот. Исто така, одговорност на извршните директори е да ги едуцираат своите вработени за тоа како да се однесуваат кога водат бизнис и како да направиме да имаме подобар живот ", вели Петар.
Тој објасни дека постојат неколку можности да се дознае повеќе за бизнис етиката.
"Постојат неколку можности, она што го правиме денес на семинарот за размена на искуства, додека другиот е образование со меѓународните стандарди. Постојат многу организации кои обезбедуваат дополнителни можности за да се добијат информации за овие теми, но најдоброто нешто е меѓусебното образование, учење едни од други за да се воспостави одредено ниво на деловна етика во целата земја ", рече тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.