економија, Коронавирус

Владата на Бугарија бара заем од 5 милијарди евра поради економските последици од коронавирусот

„Ако кризата во врска со појавата на Ковид-19 трае повеќе од 3 месеци, бугарската економија ќе може да закрепне до крајот на 2021 година“

Ihvan Radoykov   | 31.03.2020
Владата на Бугарија бара заем од 5 милијарди евра поради економските последици од коронавирусот Фото: Влада на Бугарија

СОФИЈА (АА) - Бугарската Влада одлучи да позајми 10 милијарди лева (5 милијарди евра) под услов Парламентот да го разгледа буџетот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за финансии, Владислав Горанов, на прес-конференцијата по седницата на Владата рече: „Ако кризата во врска со појавата на Ковид-19 трае повеќе од 3 месеци, бугарската економија ќе може да закрепне до крајот на 2021 година.“

Горанов истакна дека земјата ќе позајми 7,8 милијарди лева со државна обврзница што ќе ја издаде Потсекретаријатот за финансии, а исто така ќе земе заем од 2,2 милијарди лева (1,1 милијарди евра) предвиден во буџетот на земјата за 2020 година.

Тој рече дека потребните измени за ова ќе бидат направени на вонредната седница на Парламентот, што ќе се одржи до крајот на неделава.

Потсетувајќи дека било планирано буџетскиот дефицит во земјата да остане на ниво на нула во 2020 година, Горанов рече дека во услови предизвикани од епидемијата на Ковид-19 буџетскиот дефицит се очекува да надмине 3,5 милијарди лева (1,75 милијарди евра).

Министерството за финансии соопшти дека за време на вонредната состојба прогласена на 13 март поради епидемијата на коронавирусот загубата на државата според проценката, ќе достигне до 1,25 милијарди евра и дека секој ден во просек околу 1.300 лица остануваат без работа.

Бугарија, која има помалку од 7 милиони жители, е најсиромашната членка на Европската Унија (ЕУ).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın