свет, економија

Анкетата на ЕЦБ покажа дека Европејците сакаат дигиталното евро да биде доверливо, сигурно и евтино

Европската централна банка ги објави резултатите од својата анкета за можно „дигитално евро“.

Bahattin Gönültaş  | 14.04.2021 - Обновена : 16.04.2021
Анкетата на ЕЦБ покажа дека Европејците сакаат дигиталното евро да биде доверливо, сигурно и евтино

БЕРЛИН (АА) - Резултатите од анкетата на Европската централна банка (ЕЦБ) покажаа дека Европејците сакаат дигиталното евро да биде доверливо, сигурно и евтино, пренесува Агенција Анадолија (АА).

ЕЦБ ги објави резултатите од својата анкета за можно „дигитално евро“.

Според анкетите, граѓаните и компаниите во еврозоната очекуваат „тајноста при плаќањето“ да биде главен приоритет при плаќањето со дигиталната валута.

Вкупно 43 отсто од испитаниците, најмногу во анкетата, сметаат дека тајноста, односно доверливоста при плаќањето треба да биде најважната карактеристика на потенцијалното дигитално евро.

Резултатите покажаа дека 18 отсто од испитаниците ја избрале сигурноста како важна карактеристика, 11 отсто пристапот до дигиталната валута низ цела Европа и девет отсто немањето дополнителни трошоци при користењето на дигиталното евро.

Исто така, испитаниците од анкетата на Европската централна банка сакаат дигиталното евро да се интегрира во целокупниот банкарски систем.

Половина од испитаниците го поддржаа ограничувањето на количината на дигитални евра што може да ги поседува секој граѓанин.

Членот на Управниот одбор на ЕЦБ, Фабио Панета, изјави дека дигиталното евро може да биде успешно доколку одговори на потребите на Европејците.

„Ќе дадеме сè од себе да ги задоволиме потребите на граѓаните што јасно ги изнесоа во анкетата“, рече Панета.

Анкетата на Европската централна банка за „дигитално евро“ е спроведена помеѓу 12 октомври 2020 и 12 јануари 2021 година.

Шефицата на ЕЦБ, Кристин Лагард, на 13 јануари 2021 година изјави дека ќе ги преземе сите потребни мерки за да има дигитално евро.

„Се надевам дека за тоа нема да ни треба повеќе од пет години. Ќе биде потребно малку време да сфатиме дека ова е логичен избор“, рече Лагард.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.