Шефот на албанската дипломатија: Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан е стратегиска неопходност
Во рамките на неговата посета на Шпанија, министерот Ферит Хоџа оствари посета на Кралскиот институт Елкано, а во реакција на социјалните мрежи истакна дека имале „одлична размена на мислења“
ТИРАНА (АА) - Министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, изјави дека проширувањето на Европската Унија (ЕУ) на Западен Балкан е стратегиска неопходност, пренесува Анадолу.
Во рамките на неговата посета на Шпанија, министерот Хоџа оствари посета на Кралскиот институт Елкано, а во реакција на социјалните мрежи истакна дека имале „одлична размена на мислења“.
„Развивме длабинска анализа за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан како стратегиска неопходност, како и дискутиравме за комплексните предизвици со кои моментално се соочуваат и ЕУ и НАТО. Исто така разменивме гледишта за случувањата во Украина и на Блискиот Исток“, истакна тој.
Хоџа додаде дека имале вредни размислувања и оценки кои, според него, придонесуваат за побезбедна, посилна и поинтегрирана Европа.
Министерот Хоџа оствари официјална посета на Шпанија, при што се сретна со шпанскиот министер за надворешни работи, ЕУ и соработка, Хосе Мануел Албарес Буено, како и со други официјални лица.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
