Балкан, Коронавирус

Хрватска: Регистрирани 944 нови случаи на Ковид-19, починаа 52 лица

„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес евидентирани се 335.173 лица заразени со коронавирусот, од кои 7.182 починаа...“

Stipe Majic  | 02.05.2021 - Обновена : 03.05.2021
Хрватска: Регистрирани 944 нови случаи на Ковид-19, починаа 52 лица

ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа регистрирани се 944 нови случаи на коронавирусот САРС-КоВ-2, а починаа 52 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува вкупно 13.152.

Од нив, 2.223 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, од кои 240 пациенти се на респиратори. Починале 52 лица.

„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес евидентирани се 335.173 лица заразени со коронавирусот, од кои 7.182 починаа, вкупно 314.839 лица оздравеа, од кои 2.016 во последните 24 часа“, наведоа од Штабот.

Во моментов 32.614 лица се во самоизолација.

До денес тестирани се вкупно 1.822.875 лица, од кои 8.370 во последните 24 часа.

Заклучно со 1 мај, потрошени се 907.575 дози на вакцини, а вакцинирани се 707.057 лица. Првата доза ја имаат примено 503.960 лица, додека втората доза ја примиле 200.518 лица. За 2.579 лица нема податоци со која доза се вакцинирани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın