Балкан

Хрватска по 17 години повторно воведува задолжителна воена служба

„Во согласност со европските трендови и променетите безбедносни околности, сè почестите природни катастрофи и кризни ситуации, Хрватска повторно воведува основна воена обука“

İlayda Çakırtekin  | 25.10.2025 - Обновена : 25.10.2025
Хрватска по 17 години повторно воведува задолжителна воена служба Фото: Кабинет на претседателот на Република Хрватска

ИСТАНБУЛ (АА) - Хрватското Министерство за одбрана вчера објави дека повторно ќе воведе задолжителна воена служба, јавува Анадолу.

„Во согласност со европските трендови и променетите безбедносни околности, сè почестите природни катастрофи и кризни ситуации, Хрватска повторно воведува основна воена обука“, се вели во соопштението.

Се наведува дека поминати се 17 години од укинувањето на задолжителната воена служба, нагласувајќи дека речиси 300.000 луѓе не добиле никаква воена обука во тој период.

Министерството истакна дека планира да повикува до 4.000 регрути годишно.

Објавата дојде откако Парламентот во текот на денот, со мнозинство гласови од пратениците, одлучи да ја врати задолжителната воена служба за два месеци, според јавниот сервис РТС.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.