политика, Балкан

Собранието на Северна Македонија ја усвои Декларацијата за осуда на воените напади на Русија врз Украина

Со 100 гласа „за“, три „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието на Северна Македонија ја усвои „Деĸларацијата за осуда на воените напади ĸои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Уĸраина“

Admir Fazlagic  | 03.03.2022 - Обновена : 04.03.2022
Собранието на Северна Македонија ја усвои Декларацијата за осуда на воените напади на Русија врз Украина

СКОПЈЕ (АА) - Собранието на Република Северна Македонија вечерва ја усвои предложената „Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со 100 гласа „за“, три „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието на Северна Македонија ја усвои „Деĸларацијата за осуда на воените напади ĸои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Уĸраина“, поднесена од пратеничĸите Мониĸа Зајĸова од Либерално-демократската партија (ЛДП) и Маја Морачанин од Демократска обнова на Македонија (ДОМ), по сĸратена постапĸа.

Предлог-декларацијата се состои од осум точки со кои се осудуваат воените напади, се бара од надлежните институции да бидат во тесна координација со земјите членки на НАТО и на ЕУ за да се поддржат дипломатските напори за итен и безусловен прекин на воените дејствија.

„Руската агресија врз Украина, како чин спротивен на меѓународното право, што ја загрозува европската безбедносна архитектура и го доведува во ризик мирот на континентот е неоправдана и претставува еклатантно кршење на меѓународното право“, се вели во образложението на Предлог-декларацијата.

„Жалам што во 21. век сведочиме повторно на напад на мирот, предизвик кој на никој не ни доаѓаше ниту на сон дека ќе се соочуваме. Она што се случува денес во Украина, не е само предизвик на Украина и не ја засега само Европа или Азија, туку целиот свет. Ваквите напади, не го загрозуваат само мирот и безбедноста на Југоисточна Европа, туку и мирот на Балканот“, рече пратеничката Зајкова.

Претходно, на 28 февруари, прес-службата на Владата на Северна Македонија соопшти дека „Владата се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина.“

Како што беше соопштено, видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина.

Потсетуваме, претседателот на Русија, Владимир Путин, на 24 февруари нареди воена интервенција во Украина, неколку дена откако ги призна двете украински енклави под контрола на сепаратистите.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.