Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 94 случаи на Ковид-19, починаа 8 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се починати 8 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од последиците на Ковид-19 во земјата се искачи на 401

Oktaj Omeragikj   | 16.07.2020
Северна Македонија: Регистрирани 94 случаи на Ковид-19, починаа 8 лица

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 94 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 8.623, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека се починати 8 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од последиците на Ковид-19 во земјата се искачи на 401.

Институтот за јавно здравеје информира дека денеска се регистрирани 42 оздравени лица. Со ова вкупната бројка на оздравени лица од Ковид-19 е 4.603.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.619.

Според соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија, во последните 24 часа се направени 830 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 81.604 тестирања на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın