Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Повторно рекордна бројка на регистрирани случаи со Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство соопшти дека се починати три лица од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 824

Admir Fazlagic  | 17.10.2020 - Обновена : 18.10.2020
Северна Македонија: Повторно рекордна бројка на регистрирани случаи со Ковид-19 во последните 24 часа

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 594 случаи на коронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на регистрирани случаи на овој вирус во едно деноноќие во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Со ова, вкупната бројка на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 23.201.

Министерството за здравство соопшти дека се починати три лица од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 824.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти од Ковид-19 , а вкупната бројка на оздравени од овој вирус изнесува 17.111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın