Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Вкупната бројката на дијагностицирани случаи на Ковид-19 надмина 16 илјади

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 7 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 668

Admir Fazlagic  | 16.09.2020 - Обновена : 17.09.2020
Северна Македонија: Вкупната бројката на дијагностицирани случаи на Ковид-19 надмина 16 илјади

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија регистрирани се 163 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 16.088, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 7 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 668.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 13.550, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.870. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.721 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın