Премиерката на Србија ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19
„Верувам во вакцината и нашите институции. Ги повикувам граѓаните да го направат истото бидејќи со заеднички сили можеме да го победиме Ковид-19“

БЕЛГРАД (АА) - Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, денес во Белград ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19 од произведувачот „Фазер“/„БајоНтек“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Верувам во вакцината и нашите институции. Ги повикувам граѓаните да го направат истото бидејќи со заеднички сили можеме да го победиме Ковид-19“, наведе Брнабиќ на Инстаграм со фотографии од ревакцинацијата на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ во главниот град на Србија.
Премиерката, министерката за труд, вработување и социјални работи, Дарија Кисиќ Тепавшевиќ и епидемиологот Предраг Кон ја примија првата доза на вакцината на 24 декември минатата година, со што го означија почетокот на вакцинацијата во земјата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.