Србија: Дедо Мразовци од покривот на болница до прозорците на детските болнички соби
- Децата со воодушевување го поздравија Дедо Мраз кој слезе пред нивните прозорци.
ПРОКУПЉЕ (АА) – Членовите на Горската служба за спасување, облечени во костими на Дедо Мраз, се спуштија од покривот на Општата болница во Прокупље и низ прозорците на болничките соби им делеа новогодишни подароци на хоспитализираните деца, јавува Анадолу.
Акцијата во Прокупље е третиот ден од хуманитарната иницијатива во јужна Србија. Од понеделникот, спасувачите им носат радост на децата кои ги поминуваат празниците во болниците во Ниш, Алексинац, Пирот, Врање, Лесковац и Крушевац.
Децата со воодушевување го поздравија Дедо Мраз кој слезе пред нивните прозорци.
„Ни претставува чест што ги користиме нашите знаења и вештини во планинарењето и спелеологијата на хуман начин“, изјави Даница Мишиќ од Горската служба за спасување.
Таа додаде дека реакциите на децата се особено емотивни кога Дедо Мраз одеднаш ќе им дојде на прозорецот.
„Тешко е да се опише чувството кога ги насмевнуваме децата. Ги исполнува и нивните и нашите срца“, рече Мишиќ.
Спасувачите ќе ги посетат болниците во Крагуевац и Бор в петок, додека посетата на Ваљево е планирана за сабота. Хуманитарниот настан се организира петта година по ред.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
