економија, Балкан

Мицкоски најави инвестиција од 120 милиони евра од Турција, Германија и Грција

- „Едната од инвестициите е во делот на автомобилската индустрија - турска, едната е во делот на индустријата на високи технологии - германска и едната е во делот на фармацијата - грчка“, рече Мицкоски.

Dzihat Aliju  | 26.12.2025 - Обновена : 26.12.2025
Мицкоски најави инвестиција од 120 милиони евра од Турција, Германија и Грција

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, соопшти дека ќе се реализира инвестиција во вкупна вредност од 120 милиони евра од Турција, Германија и Грција, јавува Анадолу.

Одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, Мицкоски рече дека се во фаза на потврда и конфирмација на три многу важни странски инвестиции.


- Овие инвестиции ќе донесат повеќе од 1.500 нови вработувања

„Едната е во делот на автомобилската индустрија - турска, едната е во делот на индустријата на високи технологии - германска и едната е во делот на фармацијата - грчка“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека овие инвестиции ќе донесат повеќе од 1.500 нови вработувања.

Според него, едната од инвестициите ќе биде во зоната во Тетово, а другите две во скопската зона.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.