Балкан

Коста по средбата со Вучиќ во Белград: ЕУ цврсто посветена на пристапувањето на Србија

„Моментално имаме позитивен замав во ЕУ за проширување и тоа е јасна можност за Србија да се надоврзе и да го искористи...“, истакна Коста

Zlatan Kapic  | 13.05.2025 - Обновена : 14.05.2025
Коста по средбата со Вучиќ во Белград: ЕУ цврсто посветена на пристапувањето на Србија Фото: Amir Hamzagic/АА

БЕЛГРАД (АА) – Европската Унија (ЕУ) останува силно посветена на пристапувањето на Србија како стабилна и просперитетна земја, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, од Белград, јавува Анадолу.

Коста престојува во посета на Србија, каде што беше примен од српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Моментално имаме позитивен замав во ЕУ за проширување и тоа е јасна можност за Србија да се надоврзе и да го искористи. Европската Унија останува силно посветена на пристапувањето на Србија како стабилна и просперитетна земја која со наследството од своето минато одлучи да има европска иднина“, истакна Коста на заедничката прес-конференција со Вучиќ, изразувајќи задоволство што слуша дека европската интеграција и понатаму е приоритет за новата влада.

Додаде дека сега е важно тоа брзо да се преточи во конкретни акции и да се забрзаат реформите.

„Пристапувањето, како што знаете, е процес базиран на заслуги и она што треба да се направи како следен чекор за отворање на гореспоменатиот кластер (три) е многу јасно. И тоа е она за што веќе се согласивме претходно - тоа е слободата на медиумите, борбата против корупцијата и подобрување на изборниот законик“, рече Коста и нагласи дека целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и резолуциите за билатерални прашања се исто така важен елемент за вашето пристапување, како и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој изрази верување дека иднината на Србија е во ЕУ, и порача дека топката сега е во нејзини раце.

- Вучиќ: Србија во ЕУ е нашата цел -

Српскиот претседател Вучиќ на прес-конференцијата, по состанокот со Коста, истакна дека Србија во Европа е „нашиот пат, нашата цел и нашата политичка волја“ и дека тој никогаш не го доведувал тоа во прашање.

Вучиќ изјави дека разговарале за сите важни прашања и за потребата од дијалог со Приштина и зачувување на регионалниот мир и стабилност, и нагласи дека Коста донел добра волја во разговорите за пристапување на Србија во ЕУ.

„ЕУ е партнер од најголемо значење за нас, имаме најголем обем на трговија и размена на услуги со ЕУ. Тој ќе надмине 53 милијарди за прв пат во 2024 година, од кои нашиот извоз е на ниво на Западен Балкан од 52 проценти, па така само Србија учествува со 52 проценти во вкупниот извоз на територијата на ЕУ, што исто така зборува за важноста на нашата земја за целата ЕУ“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија е мала земја за Европа и затоа „сакаме да бидеме дел од Европа“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.