Косово: Бројот на починати од Ковид-19 надмина 2.000
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 83.591 лице. Во моментов во земјата има 13.236 активни случаи

ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 12 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.008, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 494 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 98.835.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 3.788 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 482.413 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 83.591 лице. Во моментов во земјата има 13.236 активни случаи.