Балкан

Вучиќ: Србија е заинтересирана да биде место за средба на Путин и Трамп

„Србија не е само формално надвор од воените блокови, како што се некои земји што нудат да бидат домаќини,... суштински самостојна и независна земја, целосно подготвена да гарантира целосна безбедност на двајцата претседатели“

Gorana Jakovljevic  | 12.01.2025 - Обновена : 13.01.2025
Вучиќ: Србија е заинтересирана да биде место за средба на Путин и Трамп

БЕЛГРАД (АА) - Србија е заинтересирана да биде место за средба на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јавува Анадолу.

„Србија не е само формално надвор од воените блокови, како што се некои земји што нудат да бидат домаќини, Србија во суштина е надвор од двата блока, значи и од НАТО и од Организацијата на Договорот за колективна безбедност, суштински самостојна и независна земја, целосно подготвена да гарантира целосна безбедност на двајцата претседатели“, рече Вучиќ.

Според него, Трамп ја имал најголемата поддршка на народот во цела Европа, а „Путин и понатаму е уште многу, многу популарен. Значи, мислам дека тоа е место на Земјината топка што и на едниот и на дсругиот исклучително би им одговарало“, рече Вучиќ, додавајќи дека Трамп е решен да ги промени работите во светот.

За време на гостувањето на телевизија Пинк, Вучиќ говореше за американските санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС), велејќи дека ќе разговара со администрацијата на новоизбраниот претседател на САД и дека е можно со доаѓањето на Трамп на власт санкциите за НИС да бидат укинати.

Тој, исто така, рече дека Србија нема да ја „грабне“ руската сопственост врз НИС и дека ако е неопходно преземање ќе плати фер цена.

Најави дека утре ќе се одржат технички разговори со ОФАК кога очекува повеќе информации за санкциите.

Американското Министерство за финансии на 10 јануари објави дека бројни компании во Русија и пошироко се под санкции.

Меѓу санкционираните е и НИС АД Нови Сад, кој од 2008 година е во сопственост на руски Гаспром.

Одлуките за санкции се во согласност со американската политика на таргетирање на руската економија по нелегалната анексија на Крим и војната против Украина.

Вучиќ изјави дека станува збор за најтешките санкции за НИС и дека САД бараат целосно излегување на руските интереси од таа компанија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın