Балкан

Во Скопје се одржа протест против владините антиковид мерки

„Борете се за своите права, ни ги кршат човековите права, луѓе освестете се“ изјави еден од организаторите на протестот

Edıta Zekjırovıc  | 16.08.2021 - Обновена : 16.08.2021
Во Скопје се одржа протест против владините антиковид мерки Фото: Edıta Zekjırovıc/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа граѓански протест против новите владини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), кои властите во Северна Македонија ги воведоа поради зголемување на бројот на заразени од овој вирус, јавува Агенција Анадолија (АА).

Протестот е организиран преку социјалните мрежи под слоганот „Стоп за одземање на слободата”, а собраните граѓани протестот го одржаа пред Собранието на Република Северна Македонија од каде порачаа дека со новите владини мерки против Ковид-19, се ограничуваат основните човекови слободи и права.

„Размислете во иднината што ќе се случува на вашите деца, внуци и правнуци . Ве молам размислете и излезете, зошто сега ако се предадеме ќе бидеме робови цел живот. Борете се за своите права, ни ги кршат човековите права, луѓе освестете се, ве молам разбудете се“ изјави Давид Димитриевски, еден од организаторите на протестот.

Учесниците на протестот носеа пароли на кои пишуваше „Слобода на избор”, „Не за вакцинација“, „Мое тело, мој избор“ и извикуваа „Сакаме слобода“.

По испраќање на пораките до јавноста, граѓаните се разотидоа мирно, порачувајќи дека доколку не биде слушнат нивниот глас ќе продолжат да го изразуваат револтот на улица.

Потсетуваме на последната Владина седница, една од одлуките која се донесе со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 е одлуката од 16 август да се воведе задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект.

Тука се вклучени угостителските објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.