„Најуспешниот“ потег на дипломатијата на ЕУ, „нуклеарниот договор“, резултираше со разочарување
- Откако иранската Влада соопшти дека ќе ги укине сите обврски кон нуклеарниот договор, договорот којшто Европската Унија (ЕУ) го сметаше за „политичка победа“, а неговиот континуитет како престиж, всушност влезе во историјата.

БРИСЕЛ
- ШЕРИФЕ ЧЕТИН
Откако иранската Влада соопшти дека ќе ги укине сите обврски кон нуклеарниот договор, договорот којшто Европската Унија (ЕУ) го сметаше за „политичка победа“, а неговиот континуитет како престиж, всушност влезе во историјата.
Убиството на Касим Сулејмани, командантот на Ерусалимските сили поврзани со Иранската револуционерна гарда, властите во ЕУ ги затекна неподготвени. Со тоа пак, односите на Унијата со Иран, кои не беа коренити, туку привремени, станаа уште потешки.
ЕУ, која традиционално во услови на зголемување на тензиите повикуваше на „трезвеност“ и напоменуваше дека се „загрижени“, ја повторуваше својата посветеност кон нуклеарниот договор. Но, потегот на Владата на Техеран ја стави Унијата во лоша ситуација.
- ЕУ се гледа себеси како архитект на договорот
ЕУ, која одигра клучна улога во процесот што доведе до потпишување на нуклеарниот договор со Иран во 2015 година, овој договор го смета за дипломатска победа и престиж.
Нуклеарниот договор (Иран и П5 + 1), потпишан помеѓу Иран, 5-те постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (САД, Велика Британија, Кина, Франција и Русија) и Германија во Виена на 14 јули 2015 година, се нарекува и Сеопфатен заеднички акционен план (JCPOA).
Кетрин Ештон, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика во 2009 година, во овој процес се истакнува како најзначајната личност во крилото на ЕУ.
Ештон, со нејзината способност за „решително и стабилно“ преговарање, преговорите помеѓу Иран и П5 + 1 ги водеше до крајот на 2014 година. Таа се смета дека е еден од главните актери во процесот. Познато е дека некои експерти посочуваат дека договорот треба да се нарече „Договор за Ештон“.
Се истакнува дека по Ештон, и Федерика Могерини, која беше висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика од 2014 до 2019, со иста решителност се посветила кон договорот со Иран.
Затоа, договорот што е обликуван со големи напори на многу бирократи на ЕУ, покрај Ештон и Могерини, ЕУ го смета дека е нејзин.
Од друга страна, иранскиот нуклеарен договор обезбедува значителни економски придобивки за земјите од ЕУ. По потпишувањето на договорот, во периодот 2016-2017 година ЕУ го зголеми увозот со Иран за 31,5 проценти, а извозот за 83,9 проценти, на годишно ниво. Тоа покажува дека за земјите членки економските интереси се исто така значајни.
- ЕУ сè уште нема воспоставено заедничка политика
Иако иранскиот нуклеарен договор е од големо значење за ЕУ, се гледа дека земјите членки сè уште немаат заедничка политика по убиството на Сулејмани и изјавите на администрацијата на Техеран дека нема да ги исполни обврските кон договорот.
По првиот развој на настаните, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, кој ја презеде функцијата минатиот месец, во изјавата од сопствено име повика на намалување на тензиите во регионот.
Потоа, Жозеп Борел, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, соопшти дека спроведува интензивна дипломатија.
Борел, кој имаше телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи, Џевад Зариф, ја изрази загриженоста за растечката напнатост и го повика Зариф во Брисел.
Истакнувајќи дека изјавата на иранската Влада ја прифатил со „длабока тага“, Борел рече дека очекуваат потврда од Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA).
Германија, Франција и Велика Британија во заедничка изјава го повикаа Иран да се воздржи од насилни дејствија или од поддршката на насилните дејствија. Исто така, повикаа Иран да ги отфрли сите мерки што не се во согласност со нуклеарниот договор.
Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ најавија дека ќе се состанат во Брисел на 10 јануари.
Сепак, и покрај зголемената тензија и најавата на Иран за нуклеарниот договор, сè уште нема заедничка изјава од 28-те членки на ЕУ, што би ја одредила нивната заедничка политика.
- Трговскиот механизам не даде резултати
Земјите на ЕУ, кои го критикуваа повлекувањето на САД од иранскиот нуклеарен договор и повеќе пати ја потврдуваа својата посветеност кон договорот, со големо воодушевување соопштија дека воспоставиле посебен механизам за продолжување на трговијата со Иран.
Инструментот „ИНСТЕКС“, основан под водство на Велика Британија, Франција и Германија, што значи „специјална поддршка од возила за комерцијални активности“ со Иран, не успеа да го постигне очекуваниот успех, особено поради стравот на големите меѓународни фирми од американски санкции.
- ЕУ останува меѓу Иран и САД
По повлекувањето на САД од иранскиот нуклеарен договор и повторното воведување санкции кон Иран, Европската Унија мораше сама да го заштитува нуклеарниот договор.
ЕУ и покрај тоа што е вознемирена од регионалните активности на Иран и тоа го истакнува, прави големи напори за да го задржи нуклеарниот договор, независно од овие случувања.
Од друга страна, ЕУ мораше да се справи со зголемената напнатост за многу прашања во трансатлантските односи, особено откако Доналд Трамп стана претседател на САД.
Покрај за прашањето за Иран, ЕУ и САД имаат различни ставови за многу прашања, како што се израелско-палестинскиот конфликт, енергетските проекти, трговските и царинските давачки.
ЕУ, која не покажува јасен став за убиството на Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим, поврзани со Иранската револуционерна гарда, се задоволи само со повикот за „намалување на тензиите во регионот“. Се оценува дека ЕУ не сака да ги налути ниту Иран, ниту САД.
Најавата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, дека очекува поголема поддршка од Европа, се оценува дека предизвикала вознемиреност во кулоарите на Брисел.
ЕУ, која не сака да го изгуби Иран, е загрижена за можните даноци од администрацијата на Трамп, особено во областа на автомобилската индустрија.
- „Зеницата во окото“ на ЕУ стана неуспешна
За ЕУ, која во поновата историја не постигна многу политички успеси, нуклеарниот договор претставува важна „дипломатска победа“.
Посветеноста на ЕУ во врска со нуклеарниот договор со Иран не е засегната само поради регионалната стабилност или за исчистување на регионот од нуклеаризација. ЕУ исто така е засегната поради нова напнатост на Блискиот Исток, што ќе предизвика миграции, од што Унијата многу се плаши.
Новата лидерка на Комисијата на ЕУ, Урсула Фон дер Лејен, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, и високиот претставник Борел, иако велат дека имаат за цел да ја направат ЕУ „глобален актер“, за настаните во Иран и за Блискиот Исток остануваат само на изјавите дека се „загрижени“ и дека „осудуваат“.