Анализа на вести

Планирани избори: Новиот Израел на Нетанјаху поддржан од Трамп

Поделбата на моќта кај израелската десница веднаш пред изборите во април 2019 година предизвика сериозна криза. Израелското и светското јавно мнение беше: „Се прашуваме дали Нетанјаху заминува овој пат“

Ekipa  | 07.03.2020 - Обновена : 10.03.2020
Планирани избори: Новиот Израел на Нетанјаху поддржан од Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) - СЕЛИМ ХАН ЈЕНИАЏУН - Израелското општество е поделено на два дела по третиот круг на избори кои се одржаа на 2 март 2020 година.

Изборите во 2020 година, кои беа историски во однос на излезноста од 71 отсто, досега најголема, беа исто така пресвртна точка кога израелската десница предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху прогласи победа врз основа на излезните анкети, без да го чека финалниот исход.

Израелската левица, пак, не се откажа од надежта за нецелосните резултати, но од друга страна започна да ги набројува изговорите за поразот.

Единствениот фронт што не говореше за која било друга опција, туку само за формирање влада, беа редовите на Нетанјаху и партијата Ликуд, во средина каде што сите зазедоа позиции за секаков можен исход.

- Акумулирање на моќта во десничарскиот блок -

Поделбата на моќта кај израелската десница веднаш пред изборите во април 2019 година предизвика сериозна криза. Израелското и светското јавно мнение беше: „Се прашуваме дали Нетанјаху заминува овој пат.“

Развојот на настаните што нè натераа да се прашуваме и да дискутираме за тоа која формула може да биде ова, несомнено се должи на постојаната манипулација од страна на израелската Влада за кревките процеси низ кои минуваа еврејската и арапската заедница.

Од личната реторика на Нетанјаху до обвинувањата за корупција и мито со кои се соочуваше и моментумот што неговиот син Јаир Нетанјаху го предизвика на социјалните мрежи, забележавме дека огромната популистичка реторика предизвикала длабоки пукнатини во општеството, па дури и во израелската десница.

Нетанјаху имаше два главни приоритети на двата изборни процеси одржани во април и септември 2019 година. Најпрвин, формирање влада по секоја цена, и второ, собирање политички партнери кои би можеле да донесат закон за негов имунитет во коалицијата. Битните случувања за тоа како надворешната политика да биде материјал за домашната политика, напорите за убедување на партијата Израел, нашиот дом, под водство на Авигдор Либерман кој учествуваше во претходните владини состави на Нетанјаху, со малите расистички партии, едвај го внесоа Нетанјаху во Кнесетот во септември 2019 година, додека важни имиња како Нафтали Бенет и Ајелет Шакед, кои не можеа да го поминат баражот во април 2019 година, предизвикаа неуспех на десничарскиот блок во самостојното формирање коалиција. Проблемот со Иран, кој беше на агендата на надворешната политика пред изборите во април, и негативната реторика кон Турција од страна на министерот за надворешни работи, Јисараел Кац, очигледно не влијаеше на перцепцијата на гласачите на позитивен начин.

Иако израелскиот електорат можеби ќе го прифати ставот кој десничарската Влада го има за надворешните прашања за време на мандатот, се виде дека го задржа фокусот врз себе на последните три предвремени избори. Она што е важно за израелското општество не е дека актуелната Влада цели на општеството на начин што ја разнишува стабилната состојба за време на изборниот процес, туку агресивниот став на надворешен елемент кон Израел или нејзините политики што го поддржуваат тој став. При овој концепт, златниот клуч за спас на Нетанјаху беше таканаречениот Мировен план на Доналд Трамп. Со амбиции да го заземе Западниот Брег според тој план, Нетанјаху ефикасно ја искористи оваа странска поддршка за да создаде центар на привлечна сила во десниот блок. Секако, признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на Соединетите Американски Држави (САД) и окупацијата на Голанската Висорамнина, и влијанието на заедничкиот т.н. Мировен план на Трамп и неговиот зет Џаред Кушнер, врз изборниот процес се огромни.

Кога ќе ги разгледаме анкетите и објавите на израелскиот печат по изборите, со сигурност можеме да кажеме дека борбените проокупациски политики на Ликуд предизвикаа промена кај гласачите од нерелигиозната десница, екстремните десничари и централната десница за Ликуд. Толку многу што партијата од крајната десница, Оцма Јехудит (Еврејска моќ), претставник на окупаторската заедница на Западниот Брег, чие име често се споменуваше на изборите во 2019 година, е во сенка на Нетанјаху и не беше во состојба да го надмине изборниот праг. И овој пример покажува дека Ликуд има вакуумски ефект врз десничарскиот блок.

Додека Ликуд се очекува во Кнесетот да испрати 37 члена, сите десничарски партии, освен партијата Израел, нашиот дом, најверојатно ќе му дадат поддршка на Нетанјаху за премиер.

- Кампања за губење на моќта -

Израелската левица, пак, фрагментирана со години, ѝсе спротивставуваше со сојузи на десницата. Оваа левичарска опозиција пронајде надеж во Сино-белиот блок на Бени Ганц и Јаир Лапид.

Сино-белите, кои имаа моментум што му овозможи да биде во трка против Ликуд, имаше добри изгледи како партија за време на изборите одржани во април и во септември 2019 година, но поради немањето можност за формирање коалиција во левиот блок, не можеше да биде дел од можното сценарио за национална меморандумска влада како резултат на притисокот од Нетанјаху.

Сино-белите наидоа на сериозни критики за својот „копирачки“ став во однос на меѓународните случувања со кои се соочуваше Израел, а особено за својот стил во политичката кампања пред третите избори.

На пример, изобилуваа реакциите на социјалните мрежи против Сино-белите, поради користењето на методот на Ликуд за изнаоѓање на „надворешен непријател“ за изборната кампања пред изборите во април и септември.

Две недели пред изборите, инсинуациите на Ганц дека само тој ќе го запре турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во видеото споделено преку неговиот профил на Твитер, беше критикувано од голем број израелски гласачи. Друг пример беа забелешките на Ганц за таканаречениот Мировен план на Трамп дека никој не е повреден.

Кога беше очигледно дека Нетанјаху ќе го претвори ова во шоу на покажување сила, Ганц не беше во можност ниту да застане против планот поради загриженоста за гласовите, ниту пак можеше да го прифати целосно.

Додека Ганц може да е фаворит на гласачите на левицата од различни партии како најсилна алтернатива против Нетанјаху, израелската левица има ограничено гласачко тело во споредба со десницата. Еврејските левичарски партии, кои имаа вкупно 11 пратеници како резултат на гравитационата сила создадена од Сино-белите, овој пат паднаа на 6-7 пратеници.

Обединетата Арапска листа, која е уште еден стабилен и независен елемент на израелската опозиција и трета по големина партија во Кнесетот, не ја наруши Обединетата листа под водство на Ајман Одех како на изборите во септември 2019 година, не повторувајќи ја својата грешка направена на изборите во април 2019 година.

Од излезните анкети исто така се гледа дека арапскиот електорат има големи шанси, бидејќи гласачите овој пат поставија рекордна излезност. Обединетата листа, која се обидува да го задржи својот број на пратеници на највисокото можно ниво со цел да ја намали моќта на израелската десница, сигурно ќе го зголеми своето присуство во Кнесетот од 14-15 пратеници за еден или двајца повеќе. Друга придобивка на арапската опозиција во изборните резултати е тоа што доколку има право да испрати 15 пратеници во Кнесетот, ќе ја стави палестинската кандидатка за пратеник, Иман Хатиб, која носи шамија, во парламентарните редови.

- [Автор: Селим Хан Јениаџун, магистер по Израелски судии при Еврејскиот универзитет во Ерусалим, кој работи како истражувач во Центарот за глобални истражувања на Шангајскиот универзитет]

- Мислењата изразени во овој напис припаѓаат на авторот и не мора да значат дека ја одразуваат уредувачката политика на Агенција Анадолија (АА).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.