свет

СЗО: Секој ден во Газа гинат околу 160 деца

Појасот Газа е под жестоко бомбардирање на Израел од 7 октомври

Beyza Binnur Dönmez  | 07.11.2023 - Обновена : 08.11.2023
СЗО: Секој ден во Газа гинат околу 160 деца

ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) денес истакна дека во просек секојдневно во Газа гинат околу 160 деца, каде што Израел продолжува со нападите веќе еден месец, јавува Анадолу.

„Просечно околу 160 деца гинат секој ден според податоците на (палестинското) Министерство за здравство“, истакна претставникот на СЗО, Кристијан Линдмаер, на брифингот на Обединетите нации (ОН) во Женева.

Линдмаер ја повтори итната потреба за хуманитарен прекин на огнот за да се олесни страдањето на цивилите.

Појасот Газа е под жестоко бомбардирање на Израел откако палестинската група Хамас започна ненадејна офанзива против Израел на 7 октомври.

Оттогаш загинаа најмалку 10.022 Палестинци, од кои 4.104 деца и 2.641 жена. Бројот на загинати во Израел достигна речиси 1.600, според официјалните податоци.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави „Газа стана гробница за деца“ поради бројот на загинати и повредени деца во израелските напади.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.