свет

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, во критична состојба, напаѓачот идентификуван

Лекарите напорно работат за да го спасат неговиот живот

Riyaz Khaliq Khaliq  | 08.07.2022 - Обновена : 08.07.2022
Поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, во критична состојба, напаѓачот идентификуван

АНКАРА (АА) - Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е во критична состојба откако беше застрелан за време на обраќањето во градот Нара, изјави денеска актуелниот премиер Фумио Кишида, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што изјави тој, лекарите напорно работат за да го спасат животот на неговиот претходник.

Како што јави државната телевизија НХК (NHK), Абе бил застрелан во градите на настан на отворено организиран од Либерално-демократската партија, со цел да го поддржи својот кандидат во изборната кампања.

Поранешниот јапонски премиер итно е префрлен во болница, а неговата здравствена состојба е сериозна.

Според очевидци, се слушнале најмалку два истрела пред Абе да падне на земја. Крварел, а напаѓачот пукал во него од зад грб.

„Тој беше без свест и не реагираше“, наведоа тие.

Напаѓачот е идентификуван како 41-годишен Тетсуја Јамагами, жител на градот Нара.

В недела во Јапонија ќе се одржат избори за Сенатот, а Абе водеше кампања за кандидатите на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП).

Шинзо Абе, кој беше премиер од 2012 до 2020 година, е премиер со најдолг стаж во историјата на Јапонија. Абе пред две години поднесе оставка од здравствени причини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın