Fatma Bülbül
12 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
МАРДИН (АА) - Еден полицаец загина, а друг е повреден во оружен напад од страна на терористичката организација ПКК во југоисточна Турција, соопштија денес безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворот, којшто сакаше да остане анонимен, изјави дека терористите на ПКК отвориле оган врз оклопни патролни полициски возила кои патролирале во околината на Ејуби во Нусејбин, во покраината Мардин.
Во судирот биле убиени и двајца терористи на ПКК.
Ранетиот полицаец веднаш е хоспитализиран во Државната болница во Нусејбин.
Во тек е операција за апсење на напаѓачите.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и на ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна оружена кампања против турската држава во јули 2015 година.
Оттогаш загинаа над 600 припадници на турските безбедносни сили, а над 7.000 терористи на ПКК беа убиени.