Hatice Kesgin
16 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим денес изјави дека Турција е земја којашто од тероризмот е безбедна колку што се безбедни и САД и која било друга земја на Западот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Истанбул денес се одржува Светскиот туристички форум, а на учесниците им се обрати шефот на турската Влада, Јилдирим, кој истакна дека тероризмот е закана за глобалниот мир и за стабилноста.
„Ако зборуваме за безбедноста, денес никаде не е сосема безбедно... Тероризмот не познава никакви граници. Повторно велам дека Турција е безбедна колку што денес се безбедни и САД. Истанбул денес е безбеден колку и Париз, Анкара е безбедна колку и Сараево, Измир колку и Баку. Затоа, ве молам, да не дозволиме тероризмот да го саботира развојот на туризмот“, порача Јилдирим.
Премиерот на Турција, Јилдирим изјави дека исто така, Турција вложува во развојот на туризмот бидејќи на тој сектор не треба гледа исклучиво од економска гледна точка, туку како на сектор што ги надминува економските аршини и ги спојува културата и цивилизацијата.
„Туризмот е исклучително важен сектор за воспоставување мир и за јакнење на братството и пријателството на глобален план. Во тој контекст, ги поздравувам и им честитам на сите што работат во тој сектор и сите нив ги сметам за амбасадори на мирот“, порача Јилдирим.
Според податоците на Агенцијата за поддршка на инвестициите и за промоција на Турција, таа земја е шеста најпопуларна туристичка дестинација во светот и повторно бележи раст на бројот на странските туристи.