İlker Girit
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи денес изјави дека повеќе од 3,5 милиони бегалци живеат во Турција, при што земјата потрошила 25 милијарди долари за нивно згрижување, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на новофрмираниот Совет за миграциска политика во Анкара, Сулејман Сојлу изјави дека во моментов се згрижени 3.551.078 бегалци. Според најновите податоци, речиси 10 отсто од оваа вкупна бројка се наоѓаат во бегалските кампови.
„Турската политика на отворена врата за сириските бегалци се применува уште од 2011 година“, истакна Сојлу.
Министерот изјави дека земјата депортирала повеќе од 4.300 странски државјани поради наводна поврзаност со терористички групи и уште од 2010 година донела забрана за над 52.000 лица од 145 нации како дел од мерките против странските терористички борци.
Турскиот министер Сојлу изјави дека реакцијата на Турција кон бегалската криза била брза, нагласувајќи дека мигрантската политика спроведена од Турција е во согласност со меѓународните норми засновани на човековите права.