Sinan Uslu
16 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – На 177. ден од операцијата „Штитот на Еуфрат“ продолжуваат акциите за расчистување на припадниците на терористичката организација ДЕАШ од Ал Баб, каде што во голема мера е преземена контролата над градот. Од воздух и од копно се погодени 278 позиции на ДЕАШ, а неутрализирани се 15 терористи, јавува Аnadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската армија се наведува дека продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, која започна на 24. август 2016 година, со цел да се зголеми безбедноста на границите, да се елиминира заканата од ДЕАШ и од другите терористички организаци, како и да им се даде поддршка на коалициските сили.
На 177. ден од операцијата, специјалните воени групи формирани од опозициските елементи, поддржани со интензивна поддршка од воздух и од копно, продолжуваат со акцијата за расчистување на припадниците на терористичката група ДЕАШ од Ал Баб, во која е преземена контролата над поголем дел од градот.
Командата на копнените сили отвори артилериски оган, како и друга огнена поддршка, врз 258 позиции на терористичката организација ДЕАШ, при што е извршен притисок врз одбранбените позиции, засолништата, и врз тунели што ги користат терористите.
Командата на воздушните сили изврши воздушна интервенција врз 20 позиции на ДЕАШ. Во воздушната интервенција се уништени 15 згради што биле користени како засолниште од страна на терористите, 2 згради што се користеле како седишта, 2 складишта за оружје и едно возило-бомба.
Во артилериските напади, извршената воздушна интервенција, како и во настанатите судири, неутрализирани се 15 припадници на терористичката група ДЕАШ.