Kemal Karadağ
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, а тема на разговорт беше и неодамнешното откажување на собирот во врска со престојниот референдум, кој требаше да биде одржан во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Разговорот траеше подолго отколку што очекувавме. Секако, со ценетата Меркел разговарав и за последните откажани собири на нашите луѓе во Германија, во врска со престојниот референдум. За наредните собири ќе следиме малку поразличен пат” , изјави Јилдирим.
Турскиот премиер додаде дека во врска со ова прашање ќе има говори и за време на состанокот на министрите за надворешни работи на двете земји, кој ќе биде одржан во текот на наредната недела.
Потсетуваме, пред два дена турскиот министер за правда требаше да одржи говор во градот Гагенау во германската покраина Баден-Виртемберг на собирот кој го организира Унијата на европските турски демократи (UETD).
Но, до тоа сеуште не дојде бидејќи собирот е откажан под изговор дека немало доволно влезови и место за паркинг. До слични забрани на собири дојде и во Холандија.
По тоа следуваа голем број на осудувања и критики на официјалните претставници на Република Турција. Тие порачаа дека ваквите забрани се кршат со темелни демократски принципи.