Sarp Özer
27 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, во својот говор денес по повод Договорот помеѓу Тирција и Израел за меѓусебна нормализација на односите, меѓу другото истакна дека во петок ќе биде испратен брод со хуманитарна помош во појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Основна причина за долгиот период на усогласување се потешкотиите со кои во секојдневиот живот се среќаваат Палестинците кои живеат во појасот Газа, изолацијата и потребата Израел да не го попречува дотурот на хуманитарна помош за Палестинците однадвор. Во врска со тоа беа водени долги разговори, и конечно имаме решение. Во таа насока, во петок, кон пристаништето Ашдод ќе се упати првиот брод со повеќе од 10.000 тони хуманитарна помош".