Ekipa
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, на прес-конференцијата по соопштението за постигнатиот договор за нормализација на односите помеѓу Турција и Израел изјави дека основната причина за долгиот меѓусебен период на усопгласување се потешкотиите со кој се соочуваат Палестинците во своето секојдневие, јавува Anadolu Agency (AA).
„Основна причина за долгиот период на усогласување се потешкотиите со кои во секојдневиот живот се среќаваат Палестинците кои живеат во појасот Газа, изолацијата и потребата Израел да не го попречува дотурот на хуманитарна помош за Палестинците однадвор. Во врска со тоа беа водени долги разговори, и конечно имаме решение. Во таа насока, во петок, кон пристаништето Ашдод ќе се упати првиот брод со повеќе од 10.000 тони хуманитарна помош".
Премиерот истакна дека изградбата на индустриската зона во околината на градот Џенин, на Западниот Брег станува сè поизвесна.
„ТОКИ има проект за изградба на објекти за живеење во Појасот Газа. На еден начин направивме негова презентација тука. Изградбата на индустриската област Ерез во околината на Џенин станува возможно со постигнатиот договор со Израел. Посакувам постигнатиот договор да им донесе среќа и успех на тускиот и палестинскиот народ".
- „Меморандумот за разбирање ќе биде потпишан утре" -
Турскиот премиер истакна дека разговорите и преговорите на двете земји во насока на нормализација на турско-израелските односи, од вчера се усогласени со Меморандум за меѓусебно разбирање и додаде: „На тој начин започна периодот на нормализирање на односите меѓу двете земји. Меморандумот за разбирање ќе биде потпишан утре од страна на двете држави. По потпишувањето на договорот започнува процесот на одобрување".
- „Ќе им биде исплатено обештетување на семејствата на загинатите од Мави Мармара"-
Премиерот Јилдирим рече дека Израел ќе плати оштета на семејствата на загинатите хуманитарци кои настрадаа во нападот на израелските сили на бродот Мави Мармара во 2010 година.
„Ќе биде исплатено обештетување на семејствата на загинатите во случајот со Мави Мармара. Ова обештетување изнесува околу 20 милиони долари".
Тој истакна дека под водство на Турција, во голема мера е подигнато севкупното ембарго од Појасот Газа и Палестина. Од друга страна, исполнето е и барањето за обештетување на нашите загинати сограѓани од Мави Мармара. А за најважен момент, рече, е извинувањето на Израел поради нападот од 2010 година.
На прашањето поврзано со турско-руските односи, премиерот Јилдирим одговори дека турскиот и рускиот народ посакуваат да се излезе од таа криза.
„Турскиот и рускиот народ посакуваат да се излезе од оваа криза. Нам ни останува што е можно порано да ги задоволиме очекувањата на нашиот народ и нашите граѓани. Има голем напредок во тој правец, и во скоро време тоа ќе го споделиме со народот."
Премиерот на Турција Јилдирим, во врска со посетата на германскиот министер за одбрана на базата Инџирлик рече дека Турција ќе овоможи министерот за одбрана на Германија да може слободно да ја посети воената база Инџирлик, и додаде дека „за тоа не постои ниту една пречка”.