Servet Günerigök
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турција денес најави нормализација на односите со Русија, осум месеци по соборувањето на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на прес-конференцијата по состанокот на Владата, турскиот заменик-премиер и портпаролот на Владата Нуман Куртулмуш рече дека „одмрзнувањето на односите” меѓу двете земји уследи по неодамнешното писмо до руското водство од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Бинали Јилдирим.
„Сакам да кажам дека на некои турски компании кои работат во Русија повторно им се дадени дозволи за работа што е индикација за нормализирање на односите со Русија”, рече Куртулмуш.
Откако во ноември 2015 година во турскиот воздушен простор беше соборен руски воен авион за нарушување на воздушниот простор, Кремљ воведе санкции за прехранбени производи, го укина безвизниот режим и им забрани на руските туристи да патуваат на одмор во Турција.
Најавите за нормализирање на односите меѓу двете земји уследија откако турски официјални лица денес го објавија нормализирањето на односите со Израел, после шест години, односно по мај 2010 година, кога Израел го нападна турскиот хуманитарен брод "Мави Мармара".
За напорите на Турција за визна либерализација со земјите од Шенген зоната, Куртулмуш рече дека Турција ги исполнила сите обврски и покажала „искрена намера” за исполнување на преостанатите пет барања.
Тој исто така нагласи дека Турција се соочила со загуба со пристапувањето во Царинската унија како неполноправна членка на Европската унија.