Yunus İçen
14 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Иако голем дел од градови во Турција деновиве беа погодени од снежни врнежи и ниски температури, голем број туристи и жители на малото туристичко место Кемер, во турската област Анталија, уживаа во сонцето и пливаа во морето, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Метеоролошката кацнеларија во Анталија, дневната температура во Kемер денес е околу 15 степени, додека процентот на влажност е 50 проценти.
Жителите на Кемер, како и бројните домашни и странски туристи ги искористат предностите на убавото време за прошетка по плажата, сончање или пливање во морето.